Оваа недела се регистрирани 523.800 нови инфекции дневно, што е 13 проценти повеќе од претходната седмица.

Растот се набљудува повеќе од еден месец по едномесечно намалување на почетокот на годината, кога новите случаи двојно се намалија. Сепак, сегашното зголемување е далеку од негативниот рекорд поставен во неделата од 5 до 11 јануари (743.600 новоинфицирани за едно деноноќие).

Оваа недела, само во Канада и во САД, новите случаи на зараза се намалени (за осум проценти), а на Блискиот Исток се забележува стабилизирање. Зголемување има во другите региони (50 проценти во Азија, 15 проценти во Европа, девет отсто во Латинска Америка и Карибите и седум проценти во Африка).

Во Океанија бројот на нови инфекции е речиси тројно зголемен. Сепак, станува збор за просечно 326 нови случаи дневно, а растот се должи на епидемијата во Папуа Нова Гвинеја, каде што се регистрирани околу 300 нови инфекции во период од 24 часа.