Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека клучката кај Момин Поток е речиси при крајот на изградбата.

-Веднаш штом ја презедов одговорноста за Скопје, ги завршивме експропријациите што ја кочеа изградбата на клучката „Момин Поток“. Оттогаш работиме со едно темпо и со една цел за скопјани конечно да ја добијат оваа клучна сообраќајна врска. На мостот што го изградивме веќе поставуваме асфалт, а го градиме и последниот од петте моста. Едната коловозна лента е веќе асфалтирана., објави скопскиот градоначалник на Фејсбук.

Ѓорѓиевски додава дека следуваат асфалтирањето на другата лента, завршниот слој асфалт и изградбата на уште еден кружен тек.