Момче од Високо, Федерација Босна и Херцеговина, е уапсено под сомнение дека го убило 24-годишниот П.Е. од Сараево, соопшти Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон (МВР ЗДК).

Пријателска расправија завршила со убиство во Високо

„Синоќа во 18:35 часот во полициската станица Високо влегло лице со иницијали И.М. (2006) и пријавило дека Б.Д. (2001) во својот стан го убил П.Е. од Сараево. Полицијата веднаш пристигнала на местото и во стан во населбата Лука 3 пронашла безживотно тело“, изјавил дежурниот службеник во Оперативниот центар.

Според неофицијални информации, двајцата биле блиски пријатели и заедно работеле во странство. Наводно, расправијата избувнала поради девојка.

Осомничениот се обидел да го распарчи телото за прикривање на доказите

Локалните медиуми пишуваат дека по убиството Б.Д. се обидел да го исече телото на жртвата на парчиња за прикривање на доказите за ова брутално убиство во Високо

„Убиецот со иницијали Б.Д. и жртвата со инцијали П.Е добро се познавале и веројатно заедно работеле во странство, а според сознанија, жртвата е од Сараево. По апсењето што го извршија припадниците на Полициската станица Високо, убиецот беше префрлен во Клиничкиот центар Зеница поради повредите што си ги нанел при обидот да ги сокрие трагите – на тој начин што се обидел да го распарчи телото на жртвата и да го стави во куфер за да се ослободи од него. По медицинскиот преглед во болницата во Зеница, осомничениот беше префрлен во затворската единица“, пренесува порталот Visoko.ba.

Според нивните информации, во злосторството, какво што Високо не памети, биле вмешани уште две лица, но сè уште не е јасно дали биле сведоци или помагачи. Двајцата се од територијата на градот Високо.

Според информациите што ги пренесува порталот Високо.ба, убиството се случило околу 3 часот наутро, по неколкудневна забава во стан во населбата Лука, во близина на Градскиот стадион.

Приведена уште една личност за непријавување на злосторството

Во врска со случајот, полицијата ја привела и Х.П. (1980) од Високо, која се сомничи за кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ според член 345 од Кривичниот законик на Федерацијата Босна и Херцеговина. Против неа е поднесена и кривична пријава.

Во текот на ноќта, припадници на Секторот за криминалистичка полиција при МВР ЗДК, под надзор на кантоналниот обвинител, извршиле увид на местото на злосторството.

Денеска, по завршувањето на истрагата, двајцата осомничени ќе бидат предадени во надлежност на Кантоналното обвинителство на Зеничко-добојскиот кантон со пријава за сторено кривично дело.

Извор: Nezavisne