Обезбеден Бадентер
За изгласувањето на измените на овој системски закон беа потребни и гласови за Бадинтерово мнозинство, кои беа обезбедени со поддршката на пратениците на ДУИ.
До октомври 2025 година ќе бидат на должност
Со овие измени в.д. градоначалниците ќе продолжат да ја извршуваат функцијата до редовниот термин за локалните избори, октомври 2025 година. Доколку не се донесеа измените, наскоро ќе мораше да се органиизраат предвремени локални избори, а избраниот нов градоначалник ќе имаше мандат само до октомври 2025 година.
Пратеникот Блерим Беџети истакна дека ДУИ повторно ќе гласа „за“ за закон предложен од власта само заради, како што рече, да не ги ставаат граѓаните во трошок за нови избори.
Измените со кои се овозможува да се постават нови градоначалници во случај кога актуелните се именувани на други функции се предложени за да се обезбеди континуитет во управувањето на општините. Овие измени се од времен карактер.
Опозицсиките партии инсистираа во овој процес да се внесат и измени на Законот за локална самоуправа со кои би се овозможил реизбор и отповикување на градоначалникот преку референдум, но тоа не беше прифатено.