Бугарскиот експерт од областа на националната безбедност Николај Марков изјави дека граѓаните се бесни од „мешањето“ на странските сили во внатрешните работи на земјата.

Тој ја изрази својата огорченост поради неодамна објавената снимка од седница на која учествува и поранешниот премиер Кирил Петков, на која се зборува за идни назначувања во раководството на специјалните служби, кои биле одобрени од странските амбасади.

Според Марков, конкретно се работи за британската, германската и американската амбасада.

Марков стакна дека Бугарите се збеснале поради „мешањето“ на странските сили во внатрешните работи на земјата, кои прават се за да ги понижат бугарските граѓани.

Марков изрази и уверување дека Бугарија ќе мора да испорача многу од своето оружје за операција која „нема да трае долго и со многу голем број бесмислени жртви, но не и руски жртви“. Тој додаде дека тоа важи и за бугарската авијација и воздушна одбрана.

Претходно, бугарскиот економист Григор Саријски изјави дека новата бугарска влада, која е формирана благодарение на консензусот на главните противници – партиите ГЕРБ и „Продолжуваме да се менуваме“, тешко дека ќе опстане долго, но ќе мора да исполни неколку задачи и донесе некои болни одлуки.