Малинка Ристевска Јорданова, која речиси 25 години на повеќе начини е вклучена во евроинтегративните процеси на Македонија вечерва во емисијата „24 Отворено“ рече дека уставните измени се само дел од целината на барања од страна на Бугарија и дека Софија апсолутно ќе продолжи и понатаму да блокира.
„Уставните измени се само дел од целината на бугарските барања кој не се видоизменети во суштина од 2019-та година. Проблемот е во тоа што Бугарија не го признаа постоењето на македонскиот народ и идентитет и тоа постојано се повторува“, рече Ристеска Јорданова.
„Во тие услови, кога тие не го признаваат нашиот идентитет воопшто, а да не зборуваме за правата на Македонците во Бугарија, тогаш притисокот за вметнување на Бугарите во Уставот како еден од методите за исполнувања на сите барања нѐ доведува во една постојана позиција на неизвесност бидејќи ние дефинитивно немаме гаранција дека овие барања ќе престанат“, вели Ристевска Јорданова.
Ристевска-Јорданова додаде дека и тие барања Бугарија ги внесува во преговарачкиот процес и тоа најмногу во кластери-темели, а целиот проблем, во целата оваа работа, според неа е во тоа што „бугарскиот диктат е внесен во целиот преговарачки процес“.