Шекеринска избрана пред Бугарката Габриел

Бугарските медиуми внимателно известуваат дека Радмила Шекеринска од Северна Македонија е новиот заменик генерален секретар на НАТО. Како што пишуваат тие, Шекеринска на оваа функција ја смени поранешната бугарска вицепремиерка, министерка за надворешни работи и еврокомесар Марија Габриел, која беше кандидат и по смената на раководството на Алијансата и изборот на Марк Руте за главна функција.

Одлуката на Руте да оди со македонскиот претставник пред Габриел или друг кандидат беше објавена утрово.

„Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО“

Вака гласеше еден од многуте наслови во бугарските медиуми од медиумот Сега.бг утрово откако се обзнани дека втор човек во НАТО Алијансата ќе биде Македонката Шекеринска.

Бугарските медиуми објавуаваат за Радмила Шекеринска и нејзината нова позиција во НАТО
Бугарските медиуми објавуаваат за Радмила Шекеринска и нејзината нова позиција во НАТО / Фото: Сега.бг

Кои жени беа во најтесниот избор?

Новата позиција на Радмила Шекеринска во НАТО особено е тема на дискуија во бугарските медиуми бидејќи во најтесен избор се споменуваше и името на Марија Габриел од партијата на Бојко Борисов.

Две поранешни министерки од Македонија и Бугарија главни претенденти за заменик генерален секретар на НАТО

Уште пред Руте да ја преземе функцијата, беше објавено дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека негова замена треба да биде жена од Источна Европа. Во тоа време, висок дипломат на НАТО изјави за публикацијата дека разговорот бил фокусиран на две жени – Марија Габриел и Радмила Шекеринска. Меѓу другите кандидати беа и поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и Оливера Ињац, која беше министерка за одбрана на Црна Гора во периодот 2020-2022 година.

Што пишуваат бугарските медиуми за Шекеринска?

Радмила Шекеринска е поранешна вицепремиерка за евроинтеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и во периодот пред приемот на соседната земја во НАТО во 2020 година.

Таа ќе го заменува вршителот на должноста заменик генерален секретар на НАТО, Марк Руге, кој на привремена основа ја презеде функцијата претходно оваа есен. Тогашниот заменик генерален секретар Мирчеа Јоана најави дека ќе се кандидира за претседател на Романија.

Шекеринска ќе биде и највисок претставник на Скопје во меѓународна организација.