Како што јави дописникот на МИА од Софија, воведувањето на документот е предложено од опозициската коалиција ГЕРБ-СДС, а идејата претходно била разгледана на две средби неделава.

Против се изјаснија БСП, „Има таков народ“ и антиваксерската партија „Препород“ која има најмал број пратеници во 47. Народно собрание. Со ваквиот исход од гласањето истовремено се прифати предлогот на најбројната партија во бугарскиот Парламент „Промените продолжуваат“, пратениците кои се во каранатин да можат да учествуваат во работата на парламентот од дома.

Пратеникот од „Демократска Бугарија“ д-р Александар Симидчиев потсети дека ваков документ им се бара дури и на студентите и истакна дека треба да се има еднаквост.

ГЕРБ го критикуваше бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров, дека не може да ги коригира наредбите за антиепидемиските мерки.

Претседателот на парламентарнта група на „Има таков народ“, Тошко Јорданов, кажа дека бранителите на зелениот сертификат Народното собрание го сметаат за трговски центар.

Претпоставениот министер за здравство во новата бугарска Влада, Георги Михаилов, од БСП коментираше дека сите нивни пратеници не се против документот и дека принципиелно тие се вакцинирани.