Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, денеска мора да добие мандат од Националниот совет на партијата за да ги продолжи преговорите со партијата на ТВ-презентерот Слави Трифонов и во каква форма ќе ја поддржат идната бугарска влада. Пленумот ќе го разгледа и прашањето за бараната оставка на Нинова од внатрепартиската опозиција поради губењето партиски гласови на предвремените парламентарни избори на 11 јули.

Се очекува денеска Нинова да го претстави планот за надминување на падот на Бугарската социјалистичка партија со сеопфатна објективна анализа и конкретни решенија за постигнување подобар резултат за левицата.