Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Македонија, Николај Милков и Бујар Османи утре ќе го посетат секретарот на бугарскиот клуб од Охрид, „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, кој по претепувањето во Охрид на 19 јануари годинава, со владин бугарски авион беше пренесен на лекување во ВМА во Софија, соопшти бугарското МНР а пренесе МИА.
Инаку Пендиков е нарко дилер, со поднесени кривични пријави од МВР, така што Бујар Османи ќе отиде во посета на нарко дилер.
Токму поради овој случај пред претставништвото на Европската комисија во Софија започна протестот за, како што велат организаторите, поддршка за натепаниот секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети” во Охрид, Христијан Пендиков.
Оттаму наведуваат дека протестот е и за одбрана на правата на Бугарите во Македонија каде се најбројни симпатизери и претставници на политичката партија ВМРО-БНД, јавија бугарските медиуми.
Протестот го најави бугарскиот претставник во Европскиот парламент и копретседател на ВМРО, Ангел Џамбаски. Во писмо до претседателската на Европската Комисија (ЕК), тој побара итен прекин на преговорите на Македонија за членство во Европската Унија (ЕУ).
Четворица охриѓани пред два дена во угостителски објект во Охрид го нападнаа 21-годишниот Христијан Пендиков по што тој се здоби со повреди и вчера бугарската Амбасада во Скопје организираше негово префрлање во боница во Софија.
Според полициски извори, еден од четворицата е бугарски државјанин.