Дали Чаир ќе стане следната политичка арена за Османи?
Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер, Бујар Османи, во интервју за МРТ 1 потврди дека сериозно размислува за кандидатура за градоначалник на Општина Чаир на претстојните локални избори. Иако не ја соопшти конечната одлука, рече дека се консултира со граѓаните, соседите и жителите на маалото за поддршка.
„Размислувам, веќе се разговара за тоа во партијата. Чаир е многу важна општина за ДУИ и Фронтот, меѓутоа сега сум во фаза на слушање на граѓаните, на соседите, на луѓето од маало, дали би влегле во еден таков потфат“, изјави Османи.
Тој истакна дека Чаир веќе подолго време е жртва на лошо владеење, со што, според него, општината станала „заложник на една иста политика“ која трае веќе пет мандати.
„Чаир е место кое, за жал, имплодира и е заложник на една лоша политика повеќе од пет мандати. Но доколку се донесе таква одлука, сакам да биде заедничка“, додаде Османи.
ДУИ и одговорноста за Чаир: „Има име и презиме“
Османи, одговарајќи на критиките дека ДУИ не може да се амнестира од состојбата во Чаир бидејќи и Изет Меџити и Висар Ганиу беа дел од партијата до 2022 година, одговори директно:
„Политичката одговорност има име и презиме на раководителите на општината“, изјави Османи.
Тој потенцирал дека тој лично, иако живее во Чаир, не бил запознаен со проблематичните легализации.
„Ние може да кажеме дали некој објект бил или не бил, и тоа е друго прашање. Но каква била процедурата за легализација, тоа може да го знаат само луѓето кои тоа го направиле“, рече Османи.
Тој даде детален одговор.
„Не би сакал ова прашање да биде дел од кампањата бидејќи луѓето ќе мислат дека ова е прашање на политичка одмазда“.
ВЛЕН, Мицкоски и политичкиот инженеринг
На прашање дали евентуалната кандидатура е резултат на можноста Христијан Мицкоски никогаш да не го прифати Османи за министер – дури и ако ДУИ стане дел од Владата. Османи одговори остро и принципиелно:
„Разликата помеѓу ДУИ и ВЛЕН е токму во тоа што тие не прифаќаат инженеринг и учество во влада“, рече Османи.
Тој посочи дека Али Ахмети не би дозволил ДУИ да стане дел од влада на таков начин:
„Не поради Бујар Османи, туку поради принципи Али Ахмети никогаш не би дозволил да има таков политички инженеринг“, изјави тој.
„Бујар Османи на последните претседателски избори доби 120.000 гласа, што значи доби целосен легитимитет од Албанците. Доколку дозволат Албанците или ДУИ да се наметне волјата на коалицискиот партнер врз Албанците, тоа веќе не е партнерство, туку она што го гледаме со ВЛЕН – вазалство“, заклучи Османи.