-Целта е лековите, вакцините, дијагностиката да бидат достапни што е можно поскоро, се наведува во соопштението на СЗО.
Помошничката на главниот директор на СЗО, Мариангела Симао истакна дека е многу важно на располагање на бидат што е можно поголем број вакцини за да се надмине доцнењето во испораката, особено од Индија.
Индија, која е најголем производител на вакцини во светот, привремено го запре извозот поради незапаметеното разгорување на епидемијата.
Модерна неделава го објави планот за ширење на произвоствената мрежа, а со цел зајакнување на капацитетот до три милијарди дози во 2022 година.
Оваа американска вакцина веќе е одобрена во ЕУ, САД, Велика Британија и уште неколку земји меѓу кои Израел и Сингапур.
Вакцината на Фајзер/БиоНтек која исто така е направена по mRNA технологија е првата која беше одобрена од СЗО за итна употреба.