Царинската управа информира дека истрагата за запленетa стока на скопскиот аеродром ја води и е под непосредна контрола и надзор на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

– Овластените лица на Царинската управа ги преземаат сите мерки и активности по барање Обвинителството. За подетални информации, обратете се до надлежното обвинителство, се наведува во соопштението од Царината.