Сите четворица нови и старо-нови потпретседатели на СДСМ се членови на Владата: Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи и министерот за здравство Венко Филипче се нови имиња за потпретседатели, додека од досегашните носители на оваа партиска функција позициите ги задржаа министерката за образование Мила Царовска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

За предложената листа, гласале 668 делегати, а шест биле против.

Меѓу нив има познати имиња како Андријана Будимир, Ана Данева Маркова, Софија Пејкова, Нина Фити – Неделковска. Тие имаат мандат од четири години. На позицијата генерален секретар на партијата останува Љупчо Николовски.

Избран е и новиот состав на Надзорниот одбор, составен од 9 члена.

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, се повлече од функцијата, а на нејзино место, на предлог на Заев и со 682 гласа „за“ и два „против“, беше избрана актуелната директорка на УЈП, Сања Лукаревска.