Цената на декемвриските фјучерси во центарот TTF во Холандија падна на 791,6 долари за илјада кубни метри, или 66 евра за мегават-час врз основа на тековниот курс евро/долар.

Утрово испораките на гас преку гасоводот Јамал-Европа се зголемија за речиси четвртина во однос на вторникот.

Дополнително, руски „Газпром“ денеска поднесе барање за искористување на максималниот обем на транзит на гас преку Украина, од 109,3 милиони кубни метри дневно.

Во вторникот „Газпром“ објави дека одобрил и започнал со имплементација на планот за полнење на пет од своите подземни складишта во Европа.