-За да ја гарантираме енергетската независност на Франција, да го гарантираме снабдувањето со електрична енергија на нашата земја и да ги постигнеме нашите цели – особено јаглеродната неутралност во 2050 година – ние, првпат по неколку децении, ќе ја оживееме изградбата на нуклеарни реактори во нашата земја, рече Макрон во телевизиско обраќање до нацијата.

Тој не соопшти детали за плановите за изградба.

Франција е зависна од нуклеарна енергија повеќе од која било друга земја, но нејзините реактори се стари, а реакторите од најновата генерација доцнат со години.

Нуклеарната енергија произведува многу помалку емисии од јаглен, нафта или гас, но нуклеарните централи се многу скапи за изградба и создавање радиоактивен отпад кој останува смртоносен десетици илјади години.