Според информациите од светската платформа Нумбео која пресметува трошоци за живеење низ светските метрополи, може јасно да видиме дека цената на стан во Скопје е речиси иста колку и во Загреб. Иако Македонија е неколку пати помала од Хрватска, сепак парираме со хрватската метропола.

Имено, според Нумбео Загреб се наоѓа на 33-то место во Европа, а Скопје се наоѓа веднаш зад него, односно на 34-то место. Она што изненадува е дека поевтино може да се купи стан во другите земји од поранешна Југославија како Љубљана и Подгорица.

Според податоците од оваа страница во конкуренција од 192 држави може да забележиме дека Скопје е со коефициент 13.46 и е на 33-то место.

Во услови на коронавирус индустријата за недвижности е една од најзагрозените. Според некои податоци од претходната година може да забележиме дека во главниот град поскапеле становите во Центар, Ѓорче Петров, Гази Баба, каде метар квадратен станбена површина се продава за 50 до 70 евра поскапо во споредба со претходната година.

Според некои информации од кои успеавме да стигнеме најскапи станови во Скопје се во населбата Центар, а најбарани се становите во Карпош.