Поради уличен дефект од Ф 200 на ул.16 Македонска Бригада бр.бб до помошен терен на ФК Скопје населба Автокоманда, денеска од 8:30 часот до завршување на работите прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.16 Македонска Бригада, дел од ул. Коце Металец, амбуланта Ремедика и Поликлиника Железара.

Поради уличен дефект на ф80мм на ул.Варшавска бр.9 во Тафталиџе, без вода од 9:00 часот ќе бидат корисниците од ул.Варшавска, ул.Ташкенска, ул. Хелсинки и Мексичка, во Карпош.

Од 11:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Миле Поп Јорданов и ул.Џумајска поради изведување на водоводен приклучок со пречник на цевка од Ф 150 на ул.Миле Попјорданов бр.33б во Тафталиџе.