По првото коло во Првата лига, дел од екипите кои не ги исполнуваат поставените пропозиции добија само опомени од страна на комесарот за натпреварување при КФСМ, Александар Милојевиќ.

Кожув, Чаир 2030, Вардар, Академија ФМП и Еуро Никел се тимовите кои добија опомена.

Чаир 2030 покрај тоа што мора да ги доведе во ред техничките уреди во салата, ќе мора за следниот натпревар како домаќин да го постави македонското знаме кое за средбата со Феникс било изоставено.