Како што соопшти Министерството за одбрана, министерот Метнар ќе оствари средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а ќе се одржи и заедничка средба на македонската и чешката делегација.

Во текот на посетата ќе биде потпишан Меморандум за разбирање за техничка соработка меѓу Министерствата за одбрана и за внатрешни работи на Македонија и Министерството за одбрана на Чешка.

Меморандумот ќе го потпишат чешкиот министер за одбрана Метнар, министерката за одбрана Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

За време на официјалната посета, чешкиот министер ќе има одвоени средби со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со претседателот на собраниската комисија за одбрана и безбедност, Миле Талевски.

Чешкиот министер за одбрана Метнар потоа ќе има презентација за безбедноста пред Комисијата за одбрана и безбедност и Собраниската делегација во ПС НАТО, а чешкиот заменик-министер за одбранбена политика и стратегија, Јан Хавранек пред нив ќе одржи предавање за безбедноста.