Во Азербејџан на сила се строги мерки во борбата против коронавирусот, а, во истовреме, чешките навивачи по враќање во својата земја ќе мораат да останат во домашен карантин.

Чешките медиуми јавија дека првично интерес за патување на натпреварот во Баку покажеле околу 300 навивачи, но бројката потоа драстично се редуцирала, поради што летовите кон азербејџанската престолнина се откажани.

Четвртфиналниот натпревар меѓу Чешка и Данска е на програмата в сабота од 18 часот во Баку.