– Дозволете од лично име и од име на моите колеги пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам 23-ти Мај, Националниот ден на Власите. Драги сограѓани, нека овој ден биде уште еден повод да ја изразам мојата почит и благодарност за придонесот кој како заедница го давате во нашето заедничко општество, како низ историјата така и во сегашноста а убеден сум и во иднина. Република Северна Македонија ја градиме заеднички, справувајќи се со сите предизвици заедно, радувајќи се на сите успеси исто така заедно, затоа што само така е природно, сплотени да креираме еднакво општество кое ќе понуди еднакви можности за убав и квалитетен живот на сите граѓани и на идните поколенија, истакна Џафери во честитката.
-Искрено се надевам дека ќе успеете да ја сочувате и понатаму промовирате посебноста на влашката заедница што е во прилог на збогатувањето на општествениот живот во нашата земја и дека ќе продолжите да напредувате на личен и колективен план. Честитки за Националниот ден на Власите, Ви посакувам убав празничен ден!, стои во честитката од Џафери до припадниците на влашката заедница.