Портпарол на полицијата во Бранденбург изјави дека покрај четири мртви лица, полицијата на клиниката за ортопедија Оберлин открила и тешко повредено лице.

Според него, на жртвите биле забележани знаци на екстремно насилство. Локалните медиуми јавија дека уапсената жена осомничена за убиство била вработена на клиниката, додека жртвите биле пациенти.