Пожар избувнал ноќеска во куќа во Неготино. Градоначалникот Горан Стојанов попладнево најави дека Општината ќе им помогне на оштетените.
Исконтактиравме со оштетените, да се види што може да се помогне. Дополнително и ќе се видиме, да се договориме околу начинот на помош, рече Стојанов за МИА.
Неофицијално, човек со проблеми, ја запалил сопствената куќа која е братска и во која, во еден дел живее неговиот син, а во другиот дел живее снаата за брат. Тој долго време се заканувал дека ќе ја запали куќата. Ова му било четврти пат како ја палел, но сега била најоштетена.
Оштетените бараат надлежните да се погрижат за човекот, за да не прави дополнителни проблеми.
Од Полицијата потврдија дека едно лице било приведено по пожарот во семејна куќа во Неготино.