Човечки череп и други предмети биле пронајдени во атарот на струшкото село Лабуништа. Наодот бил откриен кај Подгоречкото Езеро, во близина на македонско-албанската граница. Надлежните институции преземаат мерки за да се утврдат идентитетот на починатото лице и околностите поврзани со случајот.

Черепот бил пронајден на 25 јули 2026 година од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор во Лабуништа. На истата локација биле откриени и други предмети, за кои треба да се утврди дали му припаѓале на починатото лице.

Од СВР Охрид информираат дека во соработка со другите надлежни институции се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.