Човечки фактор била причината за три пожари денеска во Општината Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Денеска благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Кавадарци, на три локации на отворено – ваташки гробишта, под каналот кај село Манастирец и на релација село Бегниште – Кошани, е спречено ширење на пожари без поголема материјална штета. Инаку, според информациите кои ги имаме од терен, човек е причината за предизвикување на истите, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Оттаму апелираа до населението за внимателност, со цел превентивно да се влијае и да се спречи евентуално настанување на пожар