Уникатната плажа во Улцињ во Црна Гора е специфична по тоа што на мажите им е забранет влезот од мај до октомври, а ги привлекува припадничките на понежниот пол во текот на целата сезона.
Главната причина за зголеменото присуство на жените на оваа плажа е водата богата со сулфур. Легендата вели дека благодарение на оваа вода многу жени ја постигнале својата желба за потомство.
Дополнително, капењето на оваа „женска плаж“а се препорачува како дел од терапијата за гинеколошки, кожни и респираторни проблеми. Тајната лежи во комбинацијата на лековита сулфурна и морска вода, пишува „24 седам“.
Сè уште е жива староулцињската легендата за Алија и неговата сопруга. Тој бил моќен пират, но неговата сопруга не можела да забремени. Во очај планирал да ја убие, но мајка му, која ја сакала снаата, му кажала дека сонувала ангел кој ја советувал да ја однесе снаата на местото каде што извира сулфурна вода. Султанетата ги следела упатствата и набрзо забременила. А сега на оваа плажа доаѓаат многу жени кои се соочуваат со истиот проблем.
Лековитата вода за првпат била истражена во средината на минатиот век. Освен сулфурната вода, лековит е и воздухот и минералната кал на плажата. Водата е погуста од вообичаеното и предизвикува специфична сензација при пливањето. Воздухот е исполнет со мирис на борови дрвја, а минералната кал се користи за кожни болести.
Оваа плажа е позната по својата убавина, а CNN дури ја вброи меѓу најубавите нудистички плажи во светот.