Доцент доктор Емилија Бошковска, психолог, психотерапевт, вчеравечер ја промовираше својата прва книга ,,Професионален стрес и страетегии за справување со него кај наставниот кадар“.
Ова стручно дело ги обработува современите сфаќања за стресот на работното место како неизбежен фактор во “ерата на анксиозност“.
Текстот нуди исклучително добар преглед на теориите кои го објаснуваат професионалниот стрес, појаснува за неговите причини и последици, зборува за стратегиите за справување со стресот, а поосебен научен придонес е представувањето на професионалното согорување на вработените во секторот за образование, конкретно за наставниот кадар кои работат во образовни установи од сите степени.
-Не секој стрес е деструктивен по природа. Теоретскиот поглед докажа дека разумна количина на стрес може да предизвика страс за работа, да допре скриени вештини па дури да поттикне љуботитност за првезвемање нови задачи, вели д-р Бошковска.
Но, истовремено истражувањето на Бошковска покажува присуство на професионален стрес во образованието кој има загрижувачки тренд и укажува дека потребни се организациски мерки за негово намалување како притисок врз наставникот.
Бошковска предлага сет институционални препораки и мерки како да се надмине стресот врз наставниците а целта е подобрен образовен систем.
-Овој труд нуди одговор на голем број прашања кои се многу значајни за ефективното работење на наставниот кадар во Македонија. Наведени се најсилните стресори кои се среќаваат помеѓу вработените во образовни институции и механизмите за справување кои тие ги користат. Наведени се и разликите во здравствените нарушувања меѓу поединците кои користат различни стратегии за справување, односно со што се соочуваат оние наставници кои се справуваат со фокусирање на проблемите, како и оние кои пред се се фокусираат на емоциите при доживување на професионален стрес. Одлично се опфатени последиците од професионалниот стрес кои се согледуваат во менталното и физичкото здравје на наставниците.
Податоците имаат исклучително големо значење за изработка на национална стратегија за подобрување на ефикасноста на наставниците во сите образовни установи во државава, а на тој начин имплицитно ќе изврши силно влијание врз квалитетот на образованието на учениците и студентите, вели д-р Весна Блажевска, Декан на факултетот за психологија на МИТ Универзитетот и рецензент на книгата.
Емилија Бошковска своето првенче го посветува на своите како што вели два ангела, Кристијан и Кристина.