– Сметам дека било кој, не само министерот, да беше во таа позиција и во било која држава, морално би требало да се сноси одговорност и да им се отвори пат на органите за истрага. Морална е обврската да се даде оставка, а пред тоа би требало прво што е до негова надлежност, сите одговорни во раководењето на тетовската болница да бидат разрешени, рече Цана.

Доктор Цана смета дека правно треба да се одговара и некој да сноси вина ако тоа го пкаже истрагата. Шокантно е да се дознае дека во тој ковид центар имало и роднини на пациенти. Тие внатре влегувале и излегувале кога сакале и тој ковид центар не служел само за лекување, и од негова гледна точка тоа било жариште за проширување на инфекцијата. Смета дека сето тоа се одвивало со знаење на персоналот и министерствто изатоа треба да сносат морална и правна одговорност.