Меѓутоа, пиењето алкохол во деновите по вакцинирањето треба да се посматра од друг агол, додава тој.

Некои луѓе неизбежно ќе доживеат несакани ефекти слични на грип, покачена температура, замор и главоболка. Ако бидат во алкохолизирана состојба или мамурни, тоа ќе придонесе тие ефекти да бидат помалку пријатни. Исто така, симптомите на мамурлак може погрешно да се припишат на вакцината, вели Даниловски во својот текст.

Тој советува дека ако сепак сакаме да го прославиме примањето на вакцината (по можност дома), да останеме во рамките на препорачаните упатства за безбедно конзумирање алкохол – два пијалаци за мажи и еден за жени.