– Во моментов постојат неколку студии коишто работат на тоа да видат колкава ќе биде ефикасноста од вакцините ако се комбинираат првата и втората доза да бидат од различни производители, нагласува Киријас.

Според неа, во моментов не може официјално да се препорача вакцинацијата и ревакцинацијата да се вршат со различни вакцини, бидејќи се уште не се знае колкава би била ефикасноста и што би можело да се очекува.

– Претпоставувам дека во наредниот период кога ќе имаме информации, препораките ќе се менуваат. Меѓутоа, во моментов препораката стои дека и втората доза (на вакцината) треба да биде од истиот производител, потенцира Киријас.

Според неа, досегашните искуства покажуваат дека вакцинацијата е еден од начините со кои што можеме да се справуваме со инфективните заразни заболување, посебно со оние кои што се многу заразни и имаат висока стапка на смртност, како што е случај со ковид-19,

– Гледаме дека имаме земји каде што има помасовна вакцинација, има ефекти од неа, нагласува Киријас.

Таа истакнува дека во рок од шест месеци по имунизацијата против коронавирусот, може да бидеме сигурни дека постои заштита од ковид-19, но може да се очекува тој временски период да биде и подолг.

– Присуство на антитела значи заштита, не е важна колкава е таа бројка од моменталните информации коишто ги имаме. Тоа значи лицето кое што прележало Ковид има заштита и заштитата не е само со антителата. Тоа е нешто што ни е померливо и затоа сега се зборува толку, меѓутоа тука е и клеточниот имунитет којшто секако останува како меморија, како памтење кај индивидуите. Така што лицата ќе имаат и антитела и клеточен имунитет. Колку долго ќе трае, ќе видиме. Засега немаме податоци, меѓутоа секако се очекува дека тој имунитет ќе трае една година, додава д-р Киријас.

Целосното интервју со доц. д-р. Мери Киријас со видеоматеријал МИА ќе го објави утре.