Минисерот за здравството, Арбен Таравари денеска потврди дека доктор Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохиругија.
– Јас мислам дека правилно постапила по тоа што укажала Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) – нормално го вратила стариот директор. Јас мислам дека одлуката е во ред. Ќе видиме во периодот понатаму можеби ќе назначиме нови директори секаде, рече Таравари на новинарско прашање.
Д-р Илир Демири, кој беше министер за здравство пред Таравари го разреши Шокаровски, според него, поради две причини.
Рече дека имало 170 пациенти кои не се внесени регуларно во „Мој термин“ и немаат отпусно писмо или прилог кон умреница. Другата причина за разрешување, според Демири, се крајно нарушените меѓучовечки односи во таа институција.
Антикорупциска комисија одлучи дека разрешувањето на Шокаровски е незаконско и дека со него се прекршени Законот за спречување корупција и Законот за здравствена заштита.
Шокаровски беше поставен за директор на Клиниката откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија – Сашко Јовев.
Извор: Фокус