-По неколкудневна стагнација, бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево е во благ пораст. Така, денеска од 14 тестирани граѓани четворица се позитивни и од 10 лица кои се снимија на ренген кај три лица наодот е позитивен.Во градот е појавен кластер во едно семејство, каде бројот на новозаболени е причина за овие показатели. Граѓаните премногу несериозно ги прифаќаат апелите од Владата, да се придржуваат на мерките да не се групираат и во затворен простор задолжително да носат маски, вели Балажи.