На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше братучетката на Зорица Ѓорчевска, Маја Спировска. Таа го објасни однесувањето на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. За Спировска било чудно што Александар и неговиот кум Гоце го посочиле „цитроенот“ дека е можеби поврзан со грабнувањето на Вања.

Тие мислеле дека возачот на автомобилот ја киднапирал Вања пред влезот на зградата.

Но, Александар имал и чудни предлози.

Да му пратиме порака на Илон Маск да ја најде Вања преку сателит. Не знам како да стапиме во контакт со него, прашувал таткото на Вања, раскажа сведокот.