ВМРО-НП повикува да не се палат огнови за Бадник бидејќи тоа како традиција било наметнато за време на „српската окупација“, но и нагласува дека не треба да се палат и затоа што е високо нивото на загаденост на воздухот.
ВМРО-Народна партија ги повикува граѓаните да го бојкотираат палењето на т.н. бадникарски огнови низ градот за време на еден од најтешките православни празници – Бадник, бидејќи со тоа се помага да не се влошува и така тешката еко-катастрофа со која се соочува нашиот град, а во исто време се зацврстува македонскиот православен идентитет.
Граѓаните на Скопје треба да знаат дека палењето на огнови во Македонија е донесено и наметнато за време на српската окупација, нагласува партијата
„Никогаш во македонската историска и христијанска традиција порано на ваков начин не се дочекувал Бадник, а и денеска најголем број од градовите низ Северна Македонија немаат таква традиција што значи се спротиставуваат на ваквите пагански елементи во рамките на нашето свето и православно христијанство“, порачува ВМРО-НП.