Тој вели дека по вчерашниот договор „сите сфатиле“ дека Србија сериозно мисли да го продолжи дијалогот и дека постојат црвени линии на трпението на едностраните акции. Дачиќ рече дека ако повикуваат на смирување, треба да видат кој ги крши договорите.
Тој даде порака со која алудираше за насилниот прогон на Србите од Косово.
– Секој обид насилно да се освои северот, нашиот народ да доживее погрон, Србија нема да го дозволи, вели тој.
Десет дена имаше блокади на премините Брњак и Јариње, затоа што властите на Косово им наложија на Србите да земаат нови регистарски таблички.
Два дена претставници на двете земји преговараа во Брисел.