Кога ќе го слушнете Заев, Венко или некој друг министер да ви рече дека со ковид-болниците го избегнавме италијанското сценарио, кажете му дека Италија не е ни во првите 10 по смртност во Европа, а Македонија е втора, вели Илија Димовски.
Според статистиката Босна и Херцеговина и Македонија ја надминаа Унгарија и избија на врвот на Европа според бројот на починати од корона на милион жители. Доколку сегашниот тренд продолжи, Македонија за брзо ќе дојде на првото место.