Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, кои што ги креираше“, велат од Градот.
ВМРО-ДПМНЕ се огласи со остра реаклција на обвинувањата на Данела Арсовска.
Кадрите на Драги Митковски го водат градот, освен кога Арсовска не му е лута, па му ги разрешува, а него му гори возилото, согласно омилениот метод на Арсовска за пироманство, а СДСМ ѝ го гласа буџетот во Совет, истиот тој со кој раководат кадри на Левица во неколку скопски институции. Град Скопје апелира Мицковски да ги убеди „своите“ советници да гласаат за набавка на нови еколошки автобуси, проект кој заедно со градоначалничката Арсовска го ветуваше на скопјани. Апелираме советниците навремено да ги гласаат програмите за работа на јавните претпријатија, со цел да не се кочи нивната ефикасност, апелираме Мицкоски да преземе одговорност и за свесното блокирање на претпријатијата“, пишува во соопштението од Град Скопје.
Данела Арсовска го „охрабрува“ премиерот да се обиде и да ја преземе одговорноста за членовите на управните и надзорните одбори во претпријатијата на градот Скопје, каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со над 90%.
Но, ВМРО-ДПМНЕ очигледно веќе нема трпение за неа.
„Кој е како Данела Арсовска? Седи, добива плата и провизии, а Владата ѝ ги плаќа ратите за автобуси кои Арсовска не е способна да ги плаќа“, вели владејачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека „покрај лажното високо мислење за себе“, соочувањето со реалноста се виде на последните избори, кога поддршката на градоначалничката Арсовска беше на ниво на статистичка грешка, кога и домашните не ја гласаа.
Скопје е нечисто не поради некаква неизгласана програма туку поради некадарноста, криминогеноста и подлоста на Данела Арсовска, која добива поддршка од СДСМ, од ДУИ и од Левица. Додека Данела Арсовска менува директори секојдневно, а веруваме дека имињата ниту самата не ги памети, треба да се знае дека Градот Скопје го претвори во депонија затоа што фокусот не и е чистотата туку провизиите. Сите одговорности и надлежности се во рацете на Арсовска. Наместо да бара вина, нека се зафати со работа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.