Технологијата во последните децении бележи неверојатен развој и носи големи промени во сите сфери на животот, а така е и во спортот.

Фудбалот во последните години сè повеќе зависи од технологијата, а сцените од синоќешниот натпревар од Купот на Уругвај донесоа досега невидени моменти на фудбалските терени, кои во иднина би можеле да станат сосема вообичаени.

Имено, на стадионот „Гран Парке Сентрал“ во Монтевидео се сретнаа екипите на „Насионал“ и „Рентистас“. Натпреварот заврши со резултат 3:0, но по неговото завршување најмногу се зборуваше за потегот на судијата.

Судијата на овој натпревар не ги користеше стандардните жолти и црвени картони што им ги покажува на фудбалерите, туку ги замени со дигитален уред.

Кога сакаше да му покаже жолт или црвен картон на некој играч, судијата од џебот вадеше уред сличен на мобилен телефон, на чиј екран потоа ја активираше жолтата или црвената боја.

Sudija je u finišu utakmice na uređaju morao pokazati i crvenu boju (Screenshot)

Интересно е што на овој натпревар беа покажани и жолти и црвени картони, бидејќи во 90. минута беше исклучен домашниот фудбалер Науел Гелос.

Дали ваквите „картони“ во наредните месеци и години ќе пристигнат и на фудбалските терени во Европа, останува да видиме.