Полемика околу минималната кошничка: Дали пресметките се реални?

📌 Минималната синдикална кошничка повторно е во фокусот на јавноста откако премиерот Христијан Мицкоски ја критикуваше пресметката на некои производи. Според него, чудно е што во зимските месеци се вклучени сезонски овошја како цреши, диња и лубеница.

Зошто има цреши во јануарската кошничка?

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, објаснува дека количината на сезонското овошје во кошничката е распределена така што просечниот граѓанин може да го купи во текот на целата година, а не месечно. „Не значи дека купуваме 2,7 кг цреши секој месец, туку толку вкупно во сезоната“, вели Трендафилов.

Нелогичноссти: Како може да има цигари во минималната кошничка?

Во текот на вчерашниот ден, првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски упати на нелогичност во пресметката на минималната кошничка.

„Чудно и нелогично е во една минимална кошница да има цигари“: Мицкоски бара промена во методологијата за пресметка

Како се пресметува минималната кошничка?

Во синдикалната кошничка се вклучени 63 основни производи, додека државниот завод за статистика, кој објавува вакви пресметки еднаш годишно, вклучува 210 производи. Сезонските овошја се дел од двете кошнички.

Владата и бизнис-секторот сега предлагаат во методологијата да се вклучат министерството за економија, финансии, државниот завод за статистика и организацијата на потрошувачи. Но, дел од експертите предупредуваат дека во анализата треба да учествуваат само синдикатите и статистичарите.

Незадоволство и најави за нов бојкот

Проблемите со растот на цените траат подолго време. Поради тоа, граѓаните започнаа бојкот на маркетите, што резултираше со намалување на прометот за 50%. Дополнително, најавен е нов бојкот во петок.

Останува да се види дали Владата ќе интервенира во методологијата или ќе се задржи постојниот начин на пресметка.