За овој проект на Шилегов, Владата преку закон бара Собранието да го одобри заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 70 милиони евра.Опоизиционерите семтаат дека земјава има други приоритети кои треба да се покријат со долгови во сред економска криза, а не цела држава во наредните 15 години да се раздолжува за скопски проект.
Проектот во име на власта на собраниската комисија за финансирање и буџет го бранеше пратеничката од СДСМ Даниела Маркоска, која рече дека за разлика од минатите години кога државата се задолжувала за градење на споменици, од овој превоз ќе имаат бенефит илјадници граѓани.
Според планот, предвидено е воспоставување на две линии со коридори само за автобусите – од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода. Целта велат дека е кратење на времето за превоз на патниците и намалување на загадениот воздух, а неговата целосна реализација би била завршена во декември 2026 година. Овој предлог на Владата се разгледува по скратена постапка. Денеска заврши комисиската расправа, по што треба да следи пленарната седница за гласање.