Повеќе детали за ова се очекува Арсовска да даде на најавената прес-конференција во 13:30 часот, за која во соопштението испратено до медиумите пишува дека е итна.

Екс-градоначалникот Петре Шилегов договорот за новогодишното украсување на градот го потпишал со фирмата „Линк медиа плус“. Оваа фирма била единствена која доставила понуда на јавниот повик, кој беше објавен во септември.

За разлика од дочекот на ланската година кога тендери за украсување имале Градот Скопје и седум скопски општини, за дочекот на оваа година тендери имале Градот Скопје и уште три други скопски општини: Карпош, Гази Баба, Аеродром, но и Градскиот трговски центар.