Во последните неколку недели како што се зголемуваат бројките, така се повеќе се повеќе расте и бројот на новозаразени со омикрон, кој веќе насекаде низ светот се шири со брзина на светлината.
Тоа што е охрабрувачки со појавата на новиот сој, како што велат дел од лекарите е дека колку поексплозивно се шири, толку побрзо и спласнува.
„Појавата на варијанта на вирусот со висока заразност, но со помала смртоносност, во принцип, укажува дека вирусот „чувствува“ дека се стега обрачот околу него. Имено, оној момент кога тој ќе почне сѐ поретко да наоѓа осетливи домаќини, тој се обидува да се адаптира. Кај него се јавуваат мутации кои треба да му овозможат да го заобиколи веќе стекнатиот имунитет кај луѓето – со прележување или вакцинирање, сеедно. Вирусот на тој начин си обезбедува повторно простор за распространување“, објаснува во изјава за „Фокус“, епидемиологот Драган Даниловски.
Во однос на бројките, кои секојдневно излегуваат во дневните статистики на министерството за здравство се очекува дека реалните бројки се за 5 до 10 пати поголеми.
„Еве зошто. Симптомите на омикрон не се разликуваат од оние на настинка. Тоа се симптоми на горните дишни патишта (најчесто кашлица, малаксаност, затнатост и течење на носот). Граѓаните веќе подолго време претежно се тестираат со брзи тестови од аптека. Нивната сензитивност се движи меѓу 30 и 60 проценти за делта. За омикрон е уште пониска. Значи, добиените негативни резултати се во голема мера лажно негативни.
Целиот текст на ФОКУС