Данска целосно ја прекинува употребата на вакцината против Ковид-19 на Астра Зенека, јави денеска локалната ТВ 2, повикувајќи се на неименувани извори.
Според ТВ 2 таквата одлука ќе ја одложи кампањата за имунизација во Данска за неколку недели.
Данска ја прекина употребата на вакцината по случаи на тромбоза кај лица вакцинирани со Астра Зенека.