Данска е во шок. Три лица се застрелани, а тројца се тешко ранети во вчерашниот напад, кога вооружен маж со автоматска пушка отворил оган во трговски центар во Копенхаген.
Локалните медиуми објавија снимки на кои се гледа како толпа преплашени луѓе бегаат од трговскиот центар додека истрели одекнаат во ходниците на прометниот објект.
Драмата завршила откако дејствувала полицијата и 22-годишен Данец е уапсен и осомничен за убиство. Сведоците на ужасниот настан првично мислеле дека станува збор за крадец, се додека не се соочиле директно со напаѓачот, кој почнал неселективно да пука.
Началникот на полиција во Копенхаген изјави дека истрагата е во тек и за сега не може да се утврдат мотивните на осомничениот, кој пукал во невини луѓе.
„Има тројца мртви и неколку повредени. -Знаете ли зошто осомничениот го стори делото? Не можам да коментирам за осомничениот, тој е уапсен, итрагата е во тек и рано е да коментираме за причините.“-Сорен Томассен, Началник на полиција во Копенхаген.
Полицијата започна масовна операција за пребарување низ локалниот регион Зеланд во потрага по сите можни соучесници. Здравствените власти соопшти дека се примени неколку пациенти.
„Нашиот убав и обично толку безбеден главен град беше сменет за дел од секундата. Ги охрабрувам Данците да застанат заедно и да се поддржуваат еден со друг во ова тешко време“, изјави премиерката на Данска Мете Фредериксен.
Терористичката закана против Данска е оценета за високо сериозна. Во најновиот извештај на данската служба за безбедност и разузнавање се посочува дека најголемата закана доаѓа од милитантниот исламизам.