Од пресметките кои сме ги правеле за ресурси доколку парламентарните и претседателските избори се спојат би чинеле некаде од 30 до 40 отсто поевтино во смисла на тоа кои дејствија ќе се преземат, вели претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на утрешното гостување на „Еспресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер.

На прашањето „Колку е поевтино да има заеднички парламентарни и претседателски избори“, Дашевски ја споредува тековната анкета чии резултати излегоа вчера.

Вчера видовме една анкета дека 66 отсто од граѓаните сметаат дека изборите треба да се спојат наспроти 13 отсто кои не го сметаат тоа. Ова ми оди мене лично во прилог бидејќи и јас сметам дека изборите треба да се спојат најмногу затоа што се премногу блиску, започнува Дашевски.

Тој објаснува дека да биде поевтино не е единствена причина за изборите да се спојат и ја објаснува опцијата „вонредни избори“.

Овде има две компоненти освен за да биде поевтино треба да спојат затоа што се многу блиску дури и да не се поклопуваат роковите. Викаат редовни дека е тоа законски, но не е незаконски и вонредни. Ако ни фали една недела може да направиме и вонредни избори. Имаме опции да го направиме тоа, рече Дашевски.

Клучната работа за спојување на овие избори е 30 до 40 отсто поевтино.

Од пресметките кои сме ги правеле за ресурси доколку парламентарните и претседателските избори се спојат би чинеле некаде од 30 до 40 отсто поевтино во смисла на тоа кои дејствија ќе се преземат, заклучува тој.

Дашевски направи груба проценка на локалните избори кои се случија.

Локалните избори беа многу скапи заради неочекуваните многу независни листи. Груба пресметка е дека чинеа 10 милиони евра двата круга и трет круг за некои места.