Не постои можност партијата „Самоопределување“ на косовскиот премиер Албин Курти да учествува на изборите во Македонија, дециден е претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Тој за „Република“ ја објаснува процедурата како може да се учествува на парламентарните избори и оти странска партија нема шанси да биде на листите.

Услов за учество е да се македонски државјани и да ги ислолнуваат законските услови како што се државјанство и жителство.Без тоа не може да бидат запишани во Избирачкиот список . Не може странец да учествува на изборите ниту пак партии-објаснува Даштевски за „Република“.

Партијата „Самооределување“ на Курти не е регистрирана во Македонија ниту пак нејзин огранок и со тоа е невозможно да учествува на изборите во Македонија како што најавија од албанската опозиција.На Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење им се приклучи Движењето Самоопределување од Косово, со нејзиниот претставник Беким Ќоку, кој му е советник на Курти.

Изет Меџити од Демократското движење објасни на кој начин „Самоопределување“ ќе биде вклучено на изборите.

Беким Ќоку е државјанин на Македонија и тој ќе биде на во заедничките листи.Тој е член и на Генералното собрание на движењето „Самоопределување“-нагласува Меџити за „Република“.