Митески, како што соопшти Општина Аеродром, порача дека ќе се залага Советот да игра конструктивна улога во работата на Општината, со цел да придонесе за подобрување на условите за живот на граѓаните. – Ќе работам транспарентно, одговорно и чесно со единствена цел – просперитет на Општина Аеродром што им го должиме на нашите граѓани, изјави Митески.

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, честитајќи им го изборот, им посака успешна работа на новите советници и нагласи дека очекува конструктивна работа на Советот.

-Се надевам дека ќе имаме добра соработка и дека сите ќе бидеме на иста линија на размислување кога е во прашање развојот на општината. Доколку на сите ни е тоа крајна интенција и цел во секој момент при одлучувањето и во Советот и во нашето секојдневно работење заедно со општинската администрација, која исто така има значајна улога, верувам дека на крајот на нашиот мандат сите ќе бидеме задоволни од тоа што сме го сработиле, изјави Муцунски.