Охрид во Северна Македонија не нуди само фанцинантна историја туку и прекрасни вина и одличен квалитет за парите.

Откако и ветив на мајка ми дека ќе ја почестам вечера како покрај езерото, почна да ме фаќа паника. Таа одбра диксретно осветлен ресторан покрај водата, со маси покриени со бело ленено платно. Персоналот облечен со машни и престилки, јастог на ресторанското мени…И кога пристигна сметката, очите ми се раширија од неверување – три комплетни оброци и шише каберне совињон за само 56 фунти.

Испадна дека тоа е типично за Охрид, малку познато место во земјата која нема излез на море.

Вредноста што се добива за парите тука е само една ставка од долгата листа негови адути.

Таа балканска дестинација, најчесто незабележана од туристите од Обединетото кралство, изобилува со историја, плива во историја, убавини, а веќе ја добива и својата увездиќка на винската карта.

Најпознатото место тука – градот Охрид, е фасинантен. Додека со мајка ми ја изодуваме двочасовната пешачка тура, нашиот водич Владо има што да каже за неговата историја.

Ни ги покажува градските порти кои првично биле изградени во 4 век п.н.е, ни раскажува за „болничките цркви“ од 14 век каде пациентите од чума биле ставени во карантин, нè запознава со градските куќи од 18 век кои биле изградени во превртени пирамидални форми за да обезбедат дополнителен простор за нивните жители, нè носи во хеленистичкиот амфитеатар слуќајно откриен 1980-тите, нè води во црквата на Пресвета Богородица од 13 век, наречена Систинската капела на Македонија поради таванскиот фрескоживопис…

Сместени сме во „Јуник спа резорр“, хотелот со 130 соби, сместен на 20 минути одење покрај самиот Кеј на езерото до Стариот град. Опкружен со планини обвиени во измаглица, тој се наоѓа во мирниот дел на градот, но доволно блиску до вревата на центарот, колку да биде интересно.

Нашиот час по историја продолжува наредниот ден, со патувањето со брод покрај источниот брег на езерото. Пловиме покрај Заливот на коските, реплика на наколната населба изградена на водата каква што постоела во праисторијата и го посетуваме манастирот Свети Наум, сместен на ритче каде муралите раскажуваат за чудата што ги направил мисионерот од 10 век.

Додека патувавме со мајка ми распававме колку недопрена е природата околу Охридсктоо Езеро. Целото југоисточно крајбрежје на езерото отпаѓа на Националниот парк „Галичица“, распослан на простор од 87 милји квадратни во форма на елипса прекриена со шума и испреплетена со пешачки патеки. Пешаците – почетници можеби ќе се чувствуваат посигурни да го истражуваат тој простор со водич, бидејќи патеките што и не се најсоодветно одбележани, водат до планинските врвови на 5.900 стапки надморска височина и до висорамнините на планините, совршени за кампување во дивина.

Како безнадежно аматерски планинари, најдовме друг начин да го истражиме тоа зеленило околу Охридското Езеро – со посета на Манастирската винарија. Сместена во шума од леска, ела и бука на крајот на тесна патека, таа е токму она како што сугерира и нејзиното име – манастир што произведува вино и нуди тури и дегустации. Седејќи покрај потокот што се користи за разладување на резервоарите за вино во лето, пробуваме цветен мускат со овошна нота на круша и чоколаден вранец, служејќи се со сирење на даска, суво месо и традиционалниот намаз – ајварот подготвен од црвени пиперки и модар патлиџан.

Сакајќи да дознаеме повеќе за тукашните вина, одиме и во Вилата со бар и винарија „Мал Свети Климент“, во Стариот дел на градот. Нејзините менаџери, експертите за вино и алкохолни пијалоци Алмир и Елена, не воведуваат во библиотеката на вината на Северна Македонија.

Двојката нè запознава со свежото пенливо вино од регионот на долината на реката Вардар, како и со сопствената лосос-розова роза на винаријата, приготвена од древната памидна сорта грозје во глинени амфори закопани в земја. Има вкус на летни јагоди…

За да ги разбистриме главите следното утро, ја следиме патеката што води низ карпите покрај езерото, веднаш зад центарот на Охрид. Одиме долж патеката до врвот на ридот каде што чемпресите во облик на пури стојат како стражари над црквата „Свети Јован“ од 13-тиот век и се одмораме на клупата, гледајќи го езерото со површина од 138 квадратни километри. Оддалеку ја гледаме Албанија.

Охридското Езеро можеби се уште не се наоѓа на првата страница на листата дестинации зај туристите од Велика Британија, но она што до доживеавме како искуство недвојбено го впиша на онаа мојата.