Во Сејан, на јужниот дел од Франција, старите камени фонтани се празни, а славините во домаќинствата работат само согласно строгото дневно ограничување и тоа благодарение на камионите – цистерни, затоа што природните извори пресушија, пренесе Јуроњуз.
-И додека поголем дел од Европа се бори со суша и рекордни температури, жители на живописно село, кои претходно полеваа градини или полнеа базени без размислување, сега мора да постапуваат сосем поинаку, тврди градоначалникот Рене Хугот.
– Понекогаш има неколку облаци, но нема вода, никогаш нема, ниту капка дожд… Стануваме малку очајни затоа што состојбата не оди на подобро… Сите ја намалија потрошувачката на вода.
Нивото на потрошената вода се проверува секоја недела со цел да се осигура дека сите домаќинства во местото го почитуваат ограничувањето од 150 литри вода по лице дневно.
За водата воопшто да се достави до тоа и соседните села, мора да се транспортира од подрачја каде има доволно.
– Тоа е исклучителна ситуација, смета Ерик Мартел, директор за водоснабдување за општина Фајанс, каде припаѓа Сејан.
Како што тој додаде, многу малку дожд паднало од минатата есен.
-Тоа што нè загрижува е зимата што доаѓа и пролетта. Ако тогаш не падне дожд, ќе бидеме во драматична ситуација, истакна Мартел.